Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Легендите на Црвена ѕвезда в четврок на гости на ГФК Охрид

Легендите на Црвена ѕвезда в четврок на гости на ГФК Охрид

1 min read

Охрид, 23. мај 2023 (ИНПРЕС) – Охриѓани в четврток повторно ќе имаат несекојдневна можност да се дружат со легендите на фудбалот на поранешна Југославија – некогашните фудбалери на Црвена ѕвезда од Белград.

Во Охрид доаѓаат Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неделко Милосављевиќ, Бошко Ѓуроски, Јован Аќимовиќ, Јовица Николиќ, Митко Стојкоски, Драги Канатлароски, Тони Мицески и други, кои беа дел од репрезентацијата на Југославија во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Од 12:00 часот ќе бидат на градскиот плоштад каде охриѓани ќе можат да ги видат и да се дружат со фудбалските легенди.

За вистинските вљубеници во фудбалот посебно доживување ќе биде ревијалниот пријателски натпревар меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и Охрид. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ од 17:00 часот, а ќе биде отворена само новата трибина.

Најголема заслуга за несекојдневниот спортски настан повторно има Слободан Булески, првотимец на ФК Охрид во периодот од 1983 до 1987 година, кој на крајот на 80-тите и почетокот на 90-те години живееше во Белград каде играше во повеќе фудбалски екипи.

Дел од легендарните фудбалери предводени од почесниот претседател на клубот Драган Џајиќ се дружеа со охриѓани и пред две години, кога се потсетија на едни убави времиња. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Изложба и пијано концерт во чест на Св.Кирил и Методиј
Next Под мотото „Писмото е нашиот универзум“ во Охрид ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.