Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лескаровска: Македонија како туристичка дестинација има потенцијал и можности, треба системска грижа, вложувања и инвестиции

Лескаровска: Македонија како туристичка дестинација има потенцијал и можности, треба системска грижа, вложувања и инвестиции


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 20. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Македонија како туристичка дестинација со сите природни богатства, културно и историско наследство има огромен потенцијал и можности. Но, како сектор и како општество не треба да застанеме кај потенцијалот, треба системска грижа, вложувања и инвестиции за развој на туризмот, истакна директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска на гостување во утринската програма на ТВ Телма.

Потенцира дека туризмот во државава треба да биде приоритетна гранка која ќе обезбеди економски раст, зајакнување на локалните заедници и создавање на повеќе претприемачи. Треба силно да се заложиме бидејќи во изминатиот период многу малку се направи дома, мора да обезбедиме подобри услови. Растот на бројот на туристи и ноќевања се должи на светските трендови и заложбите на приватниот сектор. Треба да се развиваме во насока на одржливи зелени дестинации.

– Балканот како туристичка дестинација го врати своето место на светската мапа како пред 30 години, тоа значи дека трендовите и концептите на патување се менуваат. Туристите бараат алтернативни форми на туризам, зелени дестинации и автентично искуство со локалната заедница, патувачи кои ја почитуваат културата на живеење, вели Лескаровска.

Додава дека недостатоците значат предизвици кои мора да ги исполниме, а тоа е создавање на стратегија за туризам, систем за одржливо и одговорно патување, зајакнување на капацитетите, развој на човечки ресурси, менување на законски легислативи, создавање на тристички продукти. (Крај)

извор: ИнПрес/АППТ фото: архива

Post navigation

Previous Катедралата „Нотр Дам“ ќе биде отворена на 8 декември годинава
Next Во петок почнува собирањето потписи за кандидати за претседател и пратеници

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.