Охрид, 8. август 2023 (ИНПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со Hip Hop Night и настапот на одличниот Dj Face во среда, на 9-ти август во клуб Rebel.
Важи за број 1 RBN & Hip Hop Dj во државата. За неговите забави секогаш се бара билет повеќе, а зад себе има сериозно искуство и настапи во најдобрите клубови во државата, но и надвор од неа. Испорачува свеж музички избор и има одлична техника и чувство за публиката. Dj Face има и сопствено радио шоу „Hip Hop Don’t Stop“ на охридското Супер радио, секоја среда од 21:00 до 22:00 часот.
Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.
Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете.
извор: ИнПрес фото: архива








