Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лидерите на земјите од Западен Балкан го потпишаа Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти

Лидерите на земјите од Западен Балкан го потпишаа Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти

1 min read

Тирана, 17. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, потпишаа Договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите во контекст на Договорот за слободна трговија.

Овој договор е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлински процес кога лидерите на земјите од Западен Балкан, усогласија признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.

Со овој Договор се поттикнува мобилноста на стручните лица преку усогласување на вештините со потребите на пазарот на труд, истакнувајќи ги целите за промовирање на хармонизација на регулативата и приближување кон правото на Европската Унија. Целта на овој Договор е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и да се примени на сите регулирани професии утврдени во Договорот и EУ Директивата. Ваквото регулирање дозволува мобилност со олеснети административни бариери.

– Според овој Договор, начинот и условите кои се применуваат за признавање на професионални квалификации за секторските професии ќе бидат согласно правилата на ЕУ Директивата. Истиот обезбедува повеќекратна добивка, бидејќи не само што ќе се применуваат критериумите на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан, се вели во владиното соопштение.

Ваквите договори се уште една потврда за важноста на Берлинскиот процес, кој континуирано допринесува да се унапреди соработката помеѓу Владите на Западен Балкан и да се иницираат форми на заедничко поврзување, а за тоа е доказ и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Едукативно предавање по повод неделата на борба против дијабетес во Црвен крст Охрид
Next Миленкоска: Изработка на леб од кисело тесто е тренд што кај нас допрва ќе се развива

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.