Никозија, 15. септември 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и претседателот на непризнатата Турска Република Северен Кипар Мустафа Акончи се состанаа во градот Лефкоса на нова серија преговори со цел обединување на островската држава.
На преговорите присуствуваа и претставниците на ОН Еспен Барт Еиде и Лиза Ботенхајм, пишува турскиот весник Zaman.
– Претседателите почнаа конструктивен дијалог и се фокусираа на прашањата како права на сопственост на приватни лица и врз формата на управување на обединетата земја, соопшти Еиде.
Претставниците на турската и грчката заедница во Кипар со децении се обидуваат да стават крај на поделбата на островот со помош на ОН. (Крај)
извор: Katimerini фото: архива