November 26, 2015

Загреб, 26. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Лидерите на земјите од Западен Балкан, на Европската унија и на Соединетите држави на крајот од самитот во Загреб ја изразија посветеноста за заедничка борба против тероризмот.

Во изјавата се истакнува изградбата на доверба, како и регионалната соработка во процесот на евроатланските интеграции. Договорено е да се продолжи јакнењето на партнерството со Соединетите држави и Европската унија и да се внесе нова енергија во ширењето на Унијата и НАТО. Американскиот потпретседател Џо Бајден по завршувањето на самитот изјави дека влегувањето на земјите од југоисточна Европа во ЕУ и НАТО е најдобар начин за унапредување на мирот и безбедноста во регионот.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск нагласи дека не треба да има никакво сомневање дека иднината на регионот е во Европската унија. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архивa