Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Литературен конкурс во чест на Свети Климент Охридски -заштитникот на Охрид

Литературен конкурс во чест на Свети Климент Охридски -заштитникот на Охрид

1 min read

Охрид, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во чест на Денот на Свети Климент Охридски, патронот и заштитник на Охрид, Општина Охрид распиша литературен конкурс за најдобра поетска творба.

Темата на конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.

Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

– Предвидени се три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории: за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и за ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари; за втората 3.000 и за третата 4.000 денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири-комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Охрид, стои во конкурсот.

Творбите во три примероци, во затворен плик, под шифра, треба да се достават најдоцна до 30-ти ноември на адреса:
Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира). Авторството се докажува со четвртиот примерок.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8.Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ГКК Охрид во сабота гостува кај Еуроникел во Кавадарци
Next Евгениј Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.