Лозано ја објави новата песна „Жолто црвено“, создадена според вистинска приказна (Видео)
October 1, 2024

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа туѓина на мир не ме остава, во душа само празнина ми отвара, а таму кај што чука срцево се вее знаме жолто црвено…

Ова се дел од стиховите на најновата песна „Жолто црвено“ на популарниот Влатко Лозаноски Лозано. Текстот е дело на Магдалена Цветковска- Ена, додека аранжманот е на нејзиниот брат Лазар Цветковски. За видео записот се погрижи охриѓанецот Даниел Јовески.

Влатко вели дека песната е создадена според вистинска приказна, раскажана од Македонец во странство, на една од неговите турнеи минатата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива