July 4, 2016

Атина, 4. јули 2016 (ИНПРЕС) – Совладан е шумскиот пожар кој што минатата недела зафати тешкодостапни реони во областа Беотија во централна Грција, јавуваат грчките медиуми.

Властите и понатаму предупредуваат на висок ризик од нови пожари. Објавена е жолта фаза на претпазливост за островите Хиос, Самос, Икарија, Кикладскиот Архипелаг и за Евбеја, а исто и за областите Ираклион и Ласити на островот Крит. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива