June 21, 2015

Тирана, 21. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Во Албанија се одржуваат локални избори, според новата територијална поделба на земјата која ја сочинуваат 61 локални единици.

Македонците во Албанија имаат еден градоначалнички кандидат и еден носител на листа.

Бројот на партиите кои учествуваат на овие локални избори е 57, групирани во две коалиции. Кооалицијата на левицата која е на власт „Алијанса за Европска Албанија“, предводена од Социјалистите на премиерот Еди Рама во која е и македонската партија Македонска алијанса за европаска интергација (МАЕИ), како и колицијата на десницата „Народна Алијанса за работа и дигнитет“, предводена од Демократската партија на Лулзим Баша.

Македонската партија во Албанија на овие избиори има еден кандидат за градоначалник а тоа е во општината Пустец, лидерот на МАЕИ и актуелен градоначалник на Пустец Едмон Темелко. Во Тирана носител на листата е лидерот на здружението Илинден во Албанија, Никола Ѓурѓај. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива