Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Луначек: Го поддржувам проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои

Луначек: Го поддржувам проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 1. март 2015 (ИНПРЕС) – Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек изјави денеска дека го поддржува проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои и кај населението и кај владите на многу земји-членки на Унијата, пренесе Танјуг.

Луначек за српскиот весник „Курир“ вели дека стремежот на целокупниот Западен Балкан кон демократска, политичка, социјална и економска стабилност, е главната цел на процесот на проширување.

– Без интеграција на сите држави од Западен Балкан, мировниот проект на ЕУ нема да биде целосен, додаде Луначек.

Таа истакна оти ја поттикнува посветеноста на српската Влада во процесот на европските интеграции, како и на Србија да продолжи систематски со социо-економските и правосудни реформи, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата. Луначек оцени дека нормализираните односи со Косово и на крајот и признавањето на Косово ќе бидат услов за влез на Србија во ЕУ, истакнувајќи дека за такво нешто не постои никаков документ, но оти тоа е политички консензус.

– ЕУ веќе никогаш нема да прифати нова членка која нема јасно одредени и меѓународно признаени граници, како што стори со Кипар, рече таа.

На прашањето дали очекува разјаснување на случајот со трговијата со човечки органи на Косово, Луначек одговори потврдно, напоменувајќи оти обвиненијата се тешки и оти јавноста бара да знае што е вистина. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Шојбле: Верувам дека Грција ќе ги спроведе ветените реформи
Next Рахој: Ципрас биди сериозен!

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.