Белград, 14. мај 2016 (ИНПРЕС) – Потпретседателката на ЕП и известувач за Косово, Урлике Луначек, вели дека не е непријател на Србија, но дека е сигурна дека Србија нема да пристапи кон ЕУ без признавање на Косово.
Таа наведе дека тоа не е поради тоа што таа го тврди, туку поради искуството кое го имаше ЕУ со Кипар.
Луначек на маргините на „Форум за цивилно општество – Белград“, во организација на Европскиот фонд за Балкан и фондацијата „Ерсте“, го коментираше тоа што е една од ретките високо рангирани политичари на ЕУ која инсистира на тоа дека признавањето на Косово е услов за Србија.
– Точно е дека признавањето на Косово не е формулирано во правните придобивки на ЕУ, како и во ниту едно од поглавјата, изјави Луначек. Таа додаде дека е еден од гласовите кои доаѓаат од ЕУ, но дека е еден од поважните.
Луначек нагласи дека ЕУ во поновата историја го одобри влезот на Кипар „земја која нема јасно дефинирани граници поради турската окупација“.
Таа смета дека „внатре во ЕУ границите ќе се уриваат, во територијална смисла, како и во умовите и срцата“. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива