Тетово, 13. август 2015 (ИНПРЕС) – Вчера во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово, Претседателот Али Ахмети, го пречека новоименуваниот Амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.
Лидерот Ахмети му честита на Амбасадорот Река за неговото именување и му посака успех и здравје во извршувањето на неговите задачи, и тесната соработка на сите структури на ДУИ со Албанската Амбасада нема да недостига.
Ахмети и Река разговараа околу политичките случувања во земјата, односите меѓу Скопје и Тирана, Евроатканската интеграција, Охридскиот Договор и етничките односи и ситуацијата во Тетово по поплавите. Претседателот на ДУИ Ахмети го запозна Амбасадорот околу политичкиот дијалог кој се развива меѓу четирите најголеми партии во земјата, со меѓународно посредство.
Состаноците на работните групи треба да продолжат во понеделник, додека ДУИ ги информираше страните околу партиските позиции во врска со прашања поврзани со изборите како и специјален обвинител. ДУИ се надева дека страните ќе постигнат договор за овие две прашања до крајот на август за да се усвоени консензуално во парламентот по враќањето на опозицијата во почетокот на септември.
Лидерот Ахмети истакна дека Тирана и Скопје треба да работат поинтензивно кон усогласување и спроведувањето на билатералните договори, бидејќи тоа претставува заеднички интерес на нашите граѓани. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива