Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонија, Србија и Босна се безбедни земји, нема повеќе барања за азил во Германија

Македонија, Србија и Босна се безбедни земји, нема повеќе барања за азил во Германија

Берлин, 20. септември 2014 (ИНПРЕС) – Горниот дом на германскиот парламент усвои закон со кој Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се прогласуваат за безбедни земји, а барањата за азил на нивните граѓани ќе се одбиваат како неосновани.

Според официјалните податоци, од 22.000 барања за азил од граѓани на овие три земји, германските власти одобриле само 60.

Пред неколку месеци, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер ја најави намерата на владата да ја прошири листата на безбедни земји. Тој истакна дека Македонија и Србија се земји кандидати за членство во ЕУ, а Босна и Херцеговина прави обиди да го добие истиот статус.

Германските демохристијани инсистираат Албанија и Црна Гора да бидат ставени на оваа листа, но социјалдемократите не се согласуваат. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Преговорите на Србија со ЕУ се на вистинскиот пат
Next Папата Фрациск: Нема оправдување за употреба на религијата за насилство

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.