Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Македонија 17 години без својот музички ангел Тоше Проески

Македонија 17 години без својот музички ангел Тоше Проески

1 min read
Македонија 17 години без својот музички ангел Тоше Проески

Tose Proeski Тоше Проески

Крушево, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 17. години од прераната смрт на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Тој загина на 16-ти октомври 2007 година околу 06:20 часот во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Република Хрватска. Џипот со кој што управуваше пријателот на Тоше, тогаш 32-годишниот Ѓорѓи Ѓорѓевски, поради неприлагодена брзина и премалото растојание помеѓу возилата, удри во приколката на камионот кој што се движел пред нив, при што страната на совозачот, каде што седел Тоше, заврши под приколката на камионот.

Тоше имаше само 26 години. Во својот краток живот остави ноти и зборови, но најмногу остави надеж дека она човечкото во нас не е изгубено и дека можеме да бидеме едно, само ако посакаме.

Роден е во Крушево каде и го завршува основното училиште. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музички уметности во Скопје.

И годинава охридското Супер радио со посебно прилагодена програма и неговите најголеми хитови ќе ја одбележи 17. годишнината од неговата смрт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Охрид
Next Охрид најубав: 16. октомври 2024 година

Слични вести

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото) Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)
1 min read

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.