Охрид, 15. април 2024 (ИНПРЕС) – Од денеска до 22-ри април Македонската традиционална таеквондо федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Копер, Словенија.
Нашата репрезентација ќе ја претставуваат шест натпреварувачи. Сите имаат антидопинг сертификати, што се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните два месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан, вели Лазаревски.
– Боите на нашата држава ќе ги бранат: Христијана Парулеска, црн појас I дан, Давид Крстески, црн појас I дан, Елена Јанеска, црн појас I дан, Марио Крстески, црн појас I дан, Софија Колушоска црвен појас и Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан. Благодарение на генералниот спонзор „ПН Метал”, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид , МТТФ повторно ќе биде дел од европската елита, додава Лазаревски.
И овој пат се надева дека натпреварувачите ќе го дадат максимумот и повторно ќе нѐ израдуваат со медали и добар пласман. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива