Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонските ракометари против Швајцарија во последниот свој натпревар на ЕП 2024

Македонските ракометари против Швајцарија во последниот свој натпревар на ЕП 2024

1 min read

Берлин, 16. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација вечер ќе го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе биде репрезентацијата на Швајцарија.

Во првите две кола, Македонците забележаа очекувани два пораза, од Франција и од Германија, додека Швајцарците успеаја да им откинат бод на фаворизираните Французи.

Од А-групата, Германија веќе обезбеди пласман во следната фаза, додека Франција само чудо може да ја спречи да не оди понатаму. Швајцарците ќе се надеваат на победата над Македонија со голема разлика и на што повисок пораз на „триколорите“ па со евентуална подобра гол-разлика да ги поминат на табелата.

Македонците кои се без ниту теоретски шанси за да ја поминат групата, посакуваат со позитивен резултат да го завршат ЕП и како третопласирани во групата да си обезбедат подобра позиција во мундијалските квалификации.

Натпреварот ќе се игра во Берлин вечер со почеток во 18 часот. Од 20:30 часот третото коло во А-групата ќе го заокружат Франција и Германија. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Во тек пријавувањето капачи за Водици, покрај од Охрид пријавени верници и од други градови
Next Нивото на Охридското Езеро и натаму на четири сантиметри над јануарскиот просек

Слични вести

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град

Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
1 min read

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.