Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонски државјанин ја предизвикал сообраќајката во Србија во која загинаа две деца

Македонски државјанин ја предизвикал сообраќајката во Србија во која загинаа две деца

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 10. август 2015 (ИНПРЕС) – 48-годишен македонски државјанин е приведен во Србија под сомнение дека ја предизвикал вчерашната тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две деца, пренесува Канал 5.

Српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.

Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете. Нивните мајка и татко со другите три деца биле тешко повредени и пренесени во болницата во Смедерево.

Македонскиот возач на автобусот, според српските медиуми, не застанал, туку продолжил да вози, по што удрил и во крајслер со бугарски регистерски таблички, кога тешко била повредена 30-годишна бремена жена.

И македонскиот возач бил пренесен во болница, а по извршениот преглед му било одредено полициско задржување под сомнение дека извршил тешко дело против безбедноста во сообраќајот. (Крај)

извор: Канал5 фото: архива

Post navigation

Previous Балканот се моли за ослободување на Салопек
Next Преговорите меѓу Грција и кредиторите во завршна фаза

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.