Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонски и грчки туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано

Македонски и грчки туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Милано, 13. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора за прв пат се претставија на саемот “BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.

„ABOVE“ е проект кој има за цел да сними 36 локации во Република Македонија и 12 локации во Република Грција од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови.

May be an image of 2 people and people standing

Проектот „ОД ГОРЕ“ има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен. Создавање и објавување на извонредни тајмлапс видеа кои ќе се снимаат во текот на четири различни сезони, што ќе овозможат визуелно да се прикаже промената на годишните времиња во секунди.

Од 12-ти до 14-ти февруари природните убавини, националните паркови, активните форми на туристичка понуда се претставуваат преку видео материјали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои го привлекуваат вниманието на голем број на посетители.

На заедничкиот изложбен простор се одржуваат Б2Б средби со туроператори кои имаат предлози за нови кружни патувања и посета на двете земји од италијански туристи.

– Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претствување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајки голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години. Ова ја потврдува мојата заложба за поголема соработка и искористување на можностите кои се отвораат со аплицирање на туристички проекти поддржани од европските фондови за градење на нова инфраструктура во туристичката индустрија во повеќе полиња, изјави директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Овој заеднички настап на саемот во Милано е дел од проектот „Interreg IPA CBC ABOVE” кофинансиран од Европската Унија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ на Факултетот за туризам и угостителство
Next Охридскиот архив почнува дигитализација на фондот на Струшките вечери на поезијата

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.