Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 29. мај 2023 (ИНПРЕС) – Малите диви депонии создадени од несовесни граѓани се еколошки проблем што тешко се надминува, посочуваат од ЈП „Охридски комуналец“.
– Сликите зборуваат сé. Мини депонии на секој чекор кои ги обезличуваат јавните површини, лош изглед и ја деградираат функцијата на просторот. И покрај акциите за подигање кабаст и зелен отпад кои ги реализираме согласно годишниот календар, со кој е опфатена секоја урбана заедница, им нема крај на овие деструктивни појави на несовесни граѓани, додаваат од претпријатието.



Оттаму потсетуваат дека за надминување на проблемите околу депонирање кабаст и зелен отпад, на граѓаните им е достапен дежурниот телефон 075/495-428, секој ден од неделата во периодот 07:00 часот до 21:00 часот.
InPress во повеќе наврати и од различни аспекти има пишувано за отсуството или ниското ниво на култура на однесување и грижа за животната средина, што често пати се покажува во пракса.
Од искршени и превртени клупи, до оштетени споменици, детски игралишта, дрвореди, расфрлано ѓубре… Ако вакви случки бевме навикнати повеќе да гледаме во текот на летната сезона, кога има и поголема фрекфенција на луѓе, се покажа дека и домицилното население знае да ја покаже „културата“ на дело.
Се поставува прашањето дали можеби казните, особено паричните, ќе нé направат покултурни?! (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
