Струга, 29. јанаури 2025 (ИНПРЕС) – На 28-ми јануари 2025 во 12:55 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Калајџиески“ во Струга, малолетник од струшкото село Лабуништа бил физички нападнат од неколку лица.
– Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива