Охрид, 14. мај 2024 (ИНПРЕС) – При крај се подготовките за матурската парада, што ќе се одржи на 22-ри мај точно напладне на градскиот плоштад.
На настанот што прерасна во традиција ќе учествуваат над 300 матуранти од сите охридски средни училишта и ќе го изведат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”.
И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.
– Подготовките за матурскиот танц се на самиот крај. Сите матуранти од четирите средни училишта од Охрид се веќе обучени, сега остануваат уште заедничките проби со цел подобра координација на движењата. Оваа година се нешто повеќе од 300 матуранти, вели за Супер радио и InPress професорката Стојаноска.
Заедно со нашите матурани,во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.
Танцот „Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес