February 16, 2024

Скопје, 16. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Од понеделник, 19. февруари, граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет во Скопје ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат, соопштија од министерството за внатрешни работи.

– Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен. Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, стои во соопштението.

Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и досега. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива