Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Охрид
  • МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

1 min read

Охрид, 14. октомври 2024 (InPress) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известуваат граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути.

Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат. По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви за да стекнат доверба. Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување.

Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат паричните средства од банкарските сметки на жртвите. Во многу случаи, жртвите остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени, а штетите се значителни.

Секторот за компјутерски криминал ги советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица кои нудат финансиски совети преку интернет. Никогаш не инсталирајте софтвер за далечински пристап на барање на непознати и внимавајте на повици од непознати или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневање за измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи. (Крај)

Post navigation

Previous Голема стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски, на 19-ти ноември доаѓа во Охрид
Next Стојаноски: На местото на летната кино бавча ќе се гради театар и мултифункционален центар (Фото)

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.