Скопје, 1. јули 2024 (ИНПРЕС) – Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение дека зголемениот временски период на чекање на ГП „Табановце“, за влез и излез од територијата на Република Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
– Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, стои во соопштението од МВР.
Во најновиот извештај на АМСМ стои дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. На граничниот премин „Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива