Брисел, 24. апирил 2015 (ИНПРЕС) – Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека треба да биде направено се што е можно за да не остане Грција без пари, пред да биде склучен договорот со доверителите.
Тоа го изјави по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во рамките на Советот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Во однос на средбата со Ципрас, Меркел истакна дека разговорот бил конструктивен, но претпочита да остане доверлив. Од грчка страна велат дека Ципрас инсистирал одлуката да биде јасно пренесена до крајот на месецот.
Претстои средба на министрите за финансии во Рига, на која ќе биде разгледан и напредокот на Атина, додека напредокот во разговорите меѓу земјата и кредиторите се уште е бавен. Истовремено во последниве недели, станува јасно дека ММФ, ЕК и еврозоната не се задоволни од напредокот на земјата во преговорите. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива