Атина/Варшава, 11. јули 2016 (ИНПРЕС) — Средбите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со високи функционери од целиот свет на маргините на Самитот на НАТО во Варшава покажуваат дека меѓународната улога на Грција е надградена и докажуваат дека е столб на стабилноста во регионот и пошироко, соопштија грчки владини извори.
Ципрас во Варшава се сретна со американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот премиер Кси Џинпинг, а дел од истата политика се и посетите на премиерите на Турција, Египет, Израел, Палестина и Иран, додаваат изворите.
Односите на пријателство и соработка изградени од страна на Грција со серија земји, придонесува за создавање на столб на мирот и стабилноста, кој е особено потребен во време на интензивирање на регионалните тензии и конфликти. Премиерот ја спореди Грција со „дрво кое ги има своите корени на Запад, но ги шири своите гранки кон Исток, Југ и Север“. (Крај)
извор: МИА/Локално фото: архива







