Охрид, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи во 1999 година, на 30-тата сесија на Генералната конференција.
Во 2000 година беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе се одбележи во просториите на Младински Центар Охрид.
По повод овој ден беше распишан и литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“, за средношколци на ниво на Охрид, во проза или поезија.
Наградите ќе им бидат доделени на денешната свеченост, на која промоција на збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“ од младата писателка Матеа Стоев, како и креативна работилница за деца со младата писателка Матеа Стоев.
Настаните во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе започнат од 12:00 часот во просториите на Младински Центар Охрид, во поранешна Касарна. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива