July 25, 2015

Атина, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Во Атина уште вчера требаше да пристигнат претставници на меѓународните кредитори – ЕУ, ЕЦБ, Европскиот механизам за стабилност (ESM) за преговорите на техничко ниво во врска со третата спасувачката програма во износ од околу 86 милијарди евра.

Но во грчката престолнина сеуште нема никој, пишува весникот “Вима”.

– Меѓународниот монетарен фонд потврди дека добил барање од Атина за учество во нов заем за Грција, пишува весникот.

– Ние ќе разговараме со грчките власти и европските партнери времето и условите на преговорите за ова прашање, се вели во соопштението на фондот.

Според “Вима” лидерите на мисијата на кредиторите се очекува да пристигнат во Атина во текот на викендов, а преговорите ќе започнат в понеделник. (Крај)

извор: ТАСС фото: архива