Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Меѓународeн ден на борба против гладта, хуманитарна акција во Охрид

Меѓународeн ден на борба против гладта, хуманитарна акција во Охрид

1 min read

Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е 16-ти октомври, Меѓународeн ден на борба против гладта и Светски ден на храната.

Овој датум го одбележува основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, или ФАО во 1945 година и служи за подигање на свеста за глобалната глад и како може да и’ се стави крај. Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), речиси секој трет човек во светот (2,37 милијарди) нема пристап до соодветна храна и оваа бројка постојано се зголемува.

Кога зборуваме за правото на храна, зборуваме за правото на достапност до доволни количини здрава храна која треба да ги обезбеди основните енергетски и нутритивни потреби за да се задоволат основните принципи на правилна исхрана, редовни оброци и разновидност. Неправилната исхрана во форма на прескокнување оброци во текот на денот и внесување храна со висока енергија и ниска хранлива вредност е основа на бројни хронични незаразни болести (прекумерна тежина и дебелина, висок крвен притисок, дијабетес, разни малигни заболувања).

Со организација на хуманитарна акција, охридскиот Црвен крст ќе ги одбележи Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта.

– Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар и слично, и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат. Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна. Социјално ранливите семејства често бараат храна токму во Црвениот крст, кој има улога да го намали страдањето и да им даде поддршка во најтешките моменти. За таа цел Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“ под мотото „Помислете и на нас“ со цел да се поттикнат граѓаните и компаниите, активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција, информираат од Црвен крст Охрид.

Оваа година, Меѓународниот ден на борба против гладта, 16-ти Октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 Октомври) ќе се одбележат со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози во прехрамбени производи и парични средства од хуманите наши сограѓани и општествено одговорните компании, наменети за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

– Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври во повеќе градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи. Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници. Упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Next Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.