Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Меџити: „Трикафта“ пристигна на Детската клиника, секогаш во прв план ми биле пациентите и нивното здравје

Меџити: „Трикафта“ пристигна на Детската клиника, секогаш во прв план ми биле пациентите и нивното здравје

1 min read

Скопје, 21. декември 2023 (ИНПРЕС) – Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити одржа прес-конференција во Владата на Република Македонија по повод пристигнувањето на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза.

– Се сеќавам пред неколку месеци на кризата која се создаде поради бирократските процедури кои создадоа паника кај пациентите со цистична фиброза, оправдан беше нивниот револт, на нивните семејства, блиски. Оправдан беше и револтот на јавноста, а ние како Влада нешто мораше да смениме. Како министер за здравство, а пред сѐ како долгогодишен лекар секогаш во прв план ми биле пациентите и нивното здравје. И секогаш сум се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, во однос на помагала, нешто што е секојдневна потреба на пациентите да бидат решени колку што може побрзо, веднаш! Бирократските препреки не смејат и не треба да бидат причина за здравјето на граѓаните, вели Меџити.

Како што додава лекот „Трикафта“ е веќе на Универзитетската клиника за детски болести.

– Со 100 милиони денари набавена е терапија за следните месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија. Пациентите со цистична фиброза, етапно се вклучуваат на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација, се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од страна на Стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање, посочува Меџити.

Тој потсетува дека лекот „Трикафта“ е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција.

– Тоа што е многу важно ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив. Лекот во Европа е стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза. Како министер сум отворен и транспарентен со пациентите да ги слушнам кои се вистинските нивни потреби и кој е начинот на кој би ги решиле. Решенијата кои ги носиме не се наметнати туку имаат вистински ефект, изјави Меџити. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива

Post navigation

Previous Филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш вечерва повторно пред охриѓани
Next ИЈЗ: Пријавени 134 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.