October 13, 2015

Белград, 13. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Се повеќе емигранти доаѓаат во Србија од Бугарија, објави српското електронско издание Telegraf.

Според градоначалникот на општина Димитровград, Зоран Ѓуров, во нивниот град до пред неколку недели бројот на мигрантите кои пристигнале е 50 луѓе на ден. Вчера во градот пристигнале 400 лица. Весникот забележува дека поради влошувањето на времето емигрантите го менуваат правецот и наместо по море од Турција и Грција во Македонија, сега минуваат низ Бугарија. Џуров изјавил дека засега се справуваат со ситуацијата, но ако почнат да доаѓаат по 1000 или 5000 мигранти на ден, ситуацијата ќе излезе надвор од контрола. (Крај)

извор: Telegraf фото: архива