Атина, 11. септември 2015 (ИНПРЕС) – Двојно е зголемен бројот на илегални имигранти што годинава пристигнале во Грција.
Мигрантите со гумени чамци пристигнуваат на Лезбос. Инаку, двојно е зголемен бројот на илегални имигранти што годинава пристигнале во Грција. Само во последниве четири дена бројот на илегални мигранти достигнал цифра од над 175.000, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ), пренесува МИА.
Според податоците на ИОМ, од почетокот на годината, па до вчера, во Грција биле регистриарани вкупно 175.375 бегалци.
Во понеделникот ИОМ соопшти дека од почетокот на 2015-та во земјата пристигнале 88.204 имигранти. (Крај)
извор: МИА фото: архива
