Загреб, 20. декември 2015 (ИНПРЕС) – Водачот на Социјалдемократската партија и актуелен премиер на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека повеќе нема да ја извршува должноста премиер.
Изјавата уследи по последните преговори за составување на влада со претставниците од Движењето Мост на Божо Петров. Според Милановиќ до вторник ќе биде наведено името на новиот мандатоносител.
– Јас нема да биаме премиер, ќе исполнувам некоја друга виша државна функција, прецизира уште лидерот на СДП.
Во Хрватска се одржаа парламентарни избори пред месец и пол, но партиите се уште не можат да постигнат договор за формирање на новата влада. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива







