Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Миловановиќ: Германија да одржи нови преговори со Грција во однос на Шенген

Миловановиќ: Германија да одржи нови преговори со Грција во однос на Шенген

Загреб, 3. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ се надева германскиот канцелар Ангела Меркел да најде решение за бегалската криза, бидејќи Германија е изложена на најголем притисок во оваа ситуација.

Тој смета дека Меркел ќе биде принудена да одржи нови преговори со грчката влада во однос на Шенген.

– Она што ми дава надеж е фактот дека Германија, која е изложена на огромен притисок во оваа криза ќе најде решение. Ангела Меркел тоа ќе ја чини не само пари, туку и нов круг преговори со владата во Атина, рече Миловановиќ за ВВС.

– Сето ова се прави намерно. Имаме една земја која намерно не ги почитува правилата во Шенген, а овие правила може да се набљудуваат со малку добра волја, без насилство, без да има нехуман третман. Ова ќе даде многу подобра слика од онаа со жицата која се става по границата на Унгарија, истакна Зоран Миловановиќ. (Крај)

извор: ББЦ фото: архива

Post navigation

Previous Бегалците ќе имаат право да работат додека се во Бугарија
Next Утре Унгарија ја затвора границата со Хрватска

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.