Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Милчо Манчески ќе го предводи жирито на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград

Милчо Манчески ќе го предводи жирито на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград

1 min read

Скопје/Белград, 9. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во главната конкуренција на 46-от Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград ќе се натпреваруваат 16 остварувања од Унгарија, Данска, Иран, Кина, Аргентина, Либан, Грција, Хрватска, САД, Русија, Италија и Швајцарија, а за победниците во оваа селекција ќе одлучува меѓународно петчлено жири на чело со македонскиот режисер Милчо Манчевски.

– Најдобриот филм од оваа селекција ќе го добие признанието Белградски победник, а ќе бидат доделени и награда од жирито, награда за најдобра режија, сценарио, главна машка улога, главна женска улога, како и најдобар дебитантски филм“, соопшти ЦЕБЕФ.

Членови на жирито со кое ќе претседава Манчевски се Јован Јовановиќ, Елма Татагиќ, Мира Тураљиќ и Горан Кичиќ.

Дебитантскиот филм на Манчевски „Пред дождот“ (1994) беше номиниран за Оскар, ја освои наградата Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција, како и наградите ФИПРЕСЦИ и Независен дух, како и 30 други признанија, стои во соопштението од фестивалот.

„Њујорк тајмс“ го вброи во листата 1.000 најдобри филмови на сите времиња.

Манчевски исто така ги има режирано долгометражните филмови „Бикини мун“ (2017), „Мајки“ (2010), „Сенки“(2007) и „Прашина“ (2001), како и една епизода на серијата „Wire“ на HBO.

„Бикини мун“ ќе се прикажува во рамки на селекцијата „ФЕСТ претставува“.

Годинашното издание на фестивалот ФЕСТ ќе се одржи од 23 февруари до 3 март. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

Post navigation

Previous Почина актерот Небојша Глоговац
Next Заев на 21-ви февруари ќе се сретне со Меркел

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.