January 9, 2015

Приштина, 9. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Косовската полиција минатата година започна истрага против 132 лица осомничени за тероризам.

Во 11 акции, реализирани на целата територија на земјата, уапсени се 78 лица за тероризам, соопшти полицијата од каде додаваат дека успеале да спречат и голем број заминувањето на косовските граѓани за Сирија и Ирак, по што 36 лица добиле мерка притвор.

Неодамна косовските тајни служби добиле информации дека најмалку десет косовски џихадисти подготвувале терористички напади во земјата.

Неофицијално во Сирија и Ирак војуваат околу 300 лица од оваа балканска земја. (Крај)

извор: АФП фото: АП