Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Минатата недела во Охрид регистрирани 42 заболени од грип, има намалување во споредба со претходните две недели

Минатата недела во Охрид регистрирани 42 заболени од грип, има намалување во споредба со претходните две недели

1 min read

Охрид, 23. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Изминатата недела во Охрид се регистрирани 42 случаи на заболени од грип.

Во споредба со првите две недели од јануари се бележи намалување во бројката на заболени, вели за Супер радио и InPress специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

За потсетување, во првата недела од 2024 имаше 52 случаи на грип, додека во втората 81. После новогодишните празници поради масовните собирања, прослави, блиски контакти, беше забележано нагло зголемување на бројката на заболени од грип, а беа претежно помлади лица кои не се вакцинирани.

Вакцини против сезонски грип и натаму се достапни во Центарот за јавно здравје за оние кои ќе сакаат да се имунизираат. Оваа сезона споредено со изминатите е голема бројката на вакцинирани против сезонски грип, па заклучно со првата половина на јануари се имунизирани 2.513 лица.

Според искуствата на епидемиолозите од претходни сезони, пикот на заболени од грип се очекува во февруари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од март се отвора пазарот на трудот во земјите од Отворен Балкан
Next Времена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот систем во Охрид

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.