Атина, 11. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Грчката конзервативна партија Нова демократија го избра Киријакос Мицотакис за нов лидер во надеж дека тој ќе и ја врати старата слава на партијата.
Конзервативците се надеваат дека Мицотакис ќе му биде достоен ривал на премиерот и лидер на Сириза Алексис Ципрас кој останува популарен во земјата и покрај мерките за штедење.
Нова демократија бара начини како да заздрави од тешкиот изборен пораз во септември минатата година кога Грците повторно ја избраа Сириза на Алексис Ципрас иако тој воведе контрола на банкарските сметки и се договори за трет финансиски пакет за помош на Грција со странските кредитори.
Тоа пак беше условено со строги мерки на штедење и тешки реформи.
47 годишниот реформистички пратеник и подмладок на едно од највлијателните грчки семејства се очекува да врши голем притисок врз 41 годишниот Ципрас за време на важното гласање во парламентот за реформите во пензискиот систем. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива