Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Младински шаховски турнир „Езерска кралица 2024“ следниот викенд во Струга

Младински шаховски турнир „Езерска кралица 2024“ следниот викенд во Струга

1 min read

Струга, 19. декември 2024 (ИНПРЕС) – Во сабота на 28-ми декември во Струга ќе се одржи зимскиот младински шаховски турнир „Езерска кралица 2024“.

Турнирот е во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид.
Право на учество имаат сите млади шахисти групирани во четири возрасни категории: А1 играчи со возраст до 14 години, А2 деца на возраст до 12 години, А3 деца на возраст до 10 години и А4 деца на возраст до 8 години.

Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5, а момчињата и девојчињата играат заедно.
Пријавување за турнирот е заклучно со четврток, 26-ти декември, со презиме, име, дата на раѓање, ФИДЕ код и турнир за кој се пријавуваат, на мејл адресата kgjoko@yahoo.com.

Уписнината на турнирот изнесува 600 денари.

Обезбедени се пехари за победниците на сите четири турнири, медали за најуспешните во сите возрасни категории и дипломи за сите учесници на турнирот.

Шаховскиот турнир „Езерска кралица 2024“ ќе се одржи во хотелот „Дрим“ со почеток во 10:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР: Не отврајте сомнителни линкови и датотеки и не споделувајте лични податоци со непознати лица
Next Две втори места за охридските гимназијалци на зонските натпревари во кошарка

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.