Атина, 4. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Има голема веројатност дека Грција нема да излезе “чиста” по огромниот заем од ЕУ и ММФ и ќе и треба меѓународна помош, вели претставник од ЕУ.
Еден од спасувачките планови е во износ од 240 милијарди евра, дадени од ЕУ, кој ќе се исплати до крајот на годината. Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја се обидува да се ослободи од сите обврски кон заемите што е можно поскоро.
Минатата недела ММФ изјави дека и покрај напредокот, Грција не е подготвена да продолжи сама. (Крај)
извор: novinite фото: архива