Берлин/Атина, 25. мај 2015 (ИНПРЕС) – Меѓународниот монетарен фонд ќе додели нова помош за Грција, но под одредени услови.
Помошта ќе биде доделена и покрај негативните реакции на некои од неговите членови, пишува германскиот весник “Ди Велт”.
Американски државни службеници ги увериле своите европски колеги дека ММФ ќе учествува во идниот трети спасувачки пакет финансиска помош за Грција, но под услов Атина и нејзините кредитори постигнат договор за успешното финализирање на вториот пакет реформи.
“Ди Велт” проценува дека позитивните сигнали од Вашингтон се во корист и за поддршката на Германија, чие учество во новата програма за помош е дефинирано како неопходен услов од ММФ. (Крај)
извор: Die Welt фото: архива







