December 6, 2014

Сараево, 6. декември 2014 (ИНПРЕС) – Првиот дипломат на ЕУ Федерико Могерини ја повика Русија да не го меша Балканот во спорот меѓу Москва и Брисел, кој настана поради кризата во Украина.

– Очигледно е дека меѓу ЕУ и Русија во моментов постои криза. Но, мислам дека е во интерес и на двете страни да бараме патишта за соработка, а не за конфронтација, изјави Могерини за време на посетата во Сараево, БиХ.

Во оваа смисла секако е добра идеја Западен Балкан да се држи настрана од сето ова. Би сакала руските власти да гледаат на работите на ист начин, рече уште Могерини, чија посета на Сараево дојде по посетата на Анкара на рускиот претседател Владимир Путин, кој најави стопирање на проектот за гасоводот „Јужен поток“. (Крај)

извор: АФП фото: АП