September 12, 2015

Брисел, 12. септември 2015 (ИНПРЕС) – Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московичи изјави дека не се чувствува загрижен за исходот од изборите во Грција на 20 септември, и дека секоja новa влада би поддржала реформи во земјата.

Ова тој го истакна пред почетокот на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Брисел, пренесува AFP.

– Во Грција има очигледно мнозинство на партиите кои ги поддржуваат реформите. Немам грижи од овој вид, рече Московичи. (Крај)

извор: AFP фото: архива