Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мостар најтопол град во Европа со измерени 42 степени Целзиусови

Мостар најтопол град во Европа со измерени 42 степени Целзиусови

Мостар, 22.јули 2015 (ИНПРЕС) – Мостар вчера беше најтопол град во Европа, а во 15 часот температурата изнесуваше 42 степени Целзиусови, јавуваат денеска босанските медиуми.

На второ место е црногорскиот главен град Подгорица, каде температурата изнесувала 41,5 степени, на трето место е кипарскиот град Лефконико со 41,1 степен, на четврто Кордоба во Шпанија со измерени 40,6 степени, а на петто Марина ди Џиноза во Италија со температура од 40,1 степени Целзиусови.

Според Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина најниската температура регистрирана во изминатите два дена во Мостар изнесувала 28 степени.

Метеоролозите нагласуваат дека сепак ова се вообичаени температури за Мостар, каде се регистрирани рекордно високи 46,2 степени.

Официјалните мерења се вршат на висина од два метри, при што мерните инструменти не се директно изложени на сонце. (Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Унгарија состави листа на безбедни земји на потекло
Next Грција го усвои вториот пакет мерки за реформи

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.