Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТСП: Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%

МТСП: Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 14. март 2023 (ИНПРЕС) – Согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1-ви март и на 1-ви септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето на септемвриските пензии што се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Усогласувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Куп на Македонија: „Гладијаторите“ гостуваат кај Вардар
Next Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.