Атина, 27. март 2017 (ИНПРЕС) – Грција прифати 60 илјади бегалци и ќе биде грешка да се оптоварува земјата со уште мигранти.
Ова меѓу другото во интервју за германски „Шпигел” го изјави грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас.
Според него земјата веќе носи тежок товар, повеќе не може да прифати ниту еден бегалец и не е во состојба да го спроведе Даблинскиот договор.
Музалас, договорот меѓу ЕУ и Турција го оквалификува како успешен, со оглед на тоа што протокот на бегалци низ Грција е ограничен на 60 луѓе дневно.(Крај)
извор: МИА фото: архива