Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна

Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна

1 min read
Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна

Охрид, 3. март 2026 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ се спроведуваат научни истражувања на пештерските екосистеми во паркот.

За таа цел, набавен е професионален микроскоп за детална анализа на пештерската фауна.

Тимот што ги спроведува истражувањата сега располага со алатка што ќе му овозможи да навлезе во невидливиот, но исклучително значаен свет на подземната биолошка разновидност во пештерите во Националниот парк Галичица.

– Употребата на микроскопот ќе овозможи: прецизно да се идентификува ситната пештерска фауна, да се анализираат морфолошките карактеристики на пештерските жители со висока точност, да се собираат релевантни научни податоци за состојбата на пештерските екосистеми и да се оствари придонес кон нивна долгорочна заштита, информираат од Црвен крст Охрид.

Пештерите се скриени светови со уникатни и често ендемични видови, чувствителни на најмали промени. Со оваа инвестиција, проектните партнери го зајакнуваат нивниот капацитет и посветеност кон истражување, зачувување и промоција на подземното природно наследство на Галичица.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Реализацијата на проектот започна на 1 септември 2025 година и ќе трае до 1 септември 2028 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец “ и „Српница“

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.