July 16, 2015

Атина, 16. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчката полција синоќа се судри со група насилни демонстранти во центарот на Атина, откако Парламентот на Грција го усовои предлог-договорот меѓу грчката Влада и кредиторите.

За време на парламентарната седница на атинскиот плоштад Синтагма се собраа околу 12.000 лица, кои протестираа против новите мерки за штедење, чие спорведување, согласно договорот постигнат во понеделникот, е услов за исплата на третиот пакет помош за Грција.

Иницијатор на протестот беше влијателниот синдикат на државните службеници АДЕДИ, кој се изјасни против договорот со кредиторите.

За време на немирите беа оштетени повеќе објекти и возила, меѓу кои и минибус на еден грчка телевизија. (Крај)

извор: Khatimerini фото: архива