Охрид, 17. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Наскоро започнува со работа школата за пливање на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.
Тренинзите ќе се одржуваат на градскиот базен „Атина Бојаџи“, а термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на запишани деца.
Часовите по пливање ќе ги одржуваат проф. м-р Катерина Стојаноска, проф. Ристе Јанкоски и проф.Наум Ристески. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива